Меланија се насмевна по барање на Трамп, повеќе не изгледа како киднапирана покрај него (ВИДЕО)

Ова не е првпат Меланија да им пркоси на барањата на Трамп.

Претседателот Доналд Трамп во текот на посетата на националниот споменик Свети Јован Павле Втори, како да и рече на својата сопруга Меланија да се насмевне, по што таа едвај ги развлече усните во кисела насмевка која предизвика бурни реакции зошто повторно го сврте вниманието за односто на сопружниците.

Снимката настана во вторникот, ден откако Америка ја згрози уште едно проблематично фотографирање на Трамп кога со солзавец и гумени куршуми беа нападнати демонстраните кои мирно протестираа пред Белата куќа и тоа само за да може американскиот претседател со Библија во рацете да застане пред блиската црква и да одржи говор.

Како што се гледа на оваа снимка, Трамп забележал дека Меланија не се смешка, па и упати неколку зборови по што таа се обиде да го направи тоа, но таа насмевка повеќе делуваше како болна гримаса. Да потесетиме, ова не е првпат Меланија да им пркоси на барањата на Трамп.

Прочитајте и...  Јанакиески: Ме судат за шамари кои не се случија

По фотографирањето, двојката брзо го напушти спомен – одбележјето, а за потсетување, ова е втор пат во два дена Трамп да користи некое свето место како позадина за фотографирање и испраќање политичка порака, што наиде на осуда кај народот, како и верските водачи.

Воедно, овој настан е само последне во низата необични случувања кои го следеа односот на претседателот на САД и неговата сопруга.

На пример, пред само месец дена, Трамп го понесе убавото расположение, па пред камерите се обиде да ја бакне Меланија во уста, но не очекуваше дека таа ќе му го заврти образот.

Прочитај повеќе

Србинка со новороденче заврши во притвор- била шеф на балканска наркобанда во Шпанија (ВИДЕО)

Слободен печат

САД ќе ја затворат амбасадата во Багдад доколку продолжат ракетните напади

Слободен печат

Азербејџан ја очекува поддршката на Србија околу Нагорно-Карабах

Слободен печат

Се појави видео од приемот на Јанкулоска во „Идризово“ (ВИДЕО)

Маријана Митровска

Во Франција коронавирусот зема замав- над 4 илјади заразени во еден ден

Маријана Митровска

Бесими: Ребалансот во тек, средствата ќе се насочат таму каде ќе дадат подобри резултати

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Словачка во среда повторно ќе воведе вонредна состојба

Слободен печат

Итна седница на Совет на безбедност на ОН за Нагорно-Карабах

Слободен печат

„Да ги стреламе или да ги отруеме со гас“, снимен заговор за убиство на мигранти

Слободен печат

Нема поддршка за Законот на ЈО, нема опозициски предлог за јавен обвинител

Слободен печат

Заев: Ние се боревме ФИРОМ да го тргнеме

Слободен печат

Поради пандемијата изгубени се 12 билиони долари од светскиот БДП