Мексико Сити: ЦРВЕНО СОНЦЕ на небото

Сонцето е со темно црвена боја, а според научниците, таквата боја ја добило поради густиот облак од дим и загадениот воздух.

Властите на Мексико Сити ги предупредиле своите граѓани да не излегуваат без потреба од своите домови бидејќи димот од пожарите во шумите го загушил градот. Комисијата за животна средина предупредува дека воздухот е загаден со висок процент цврсти честички, како пепел, кои можат да предизвикаат респираторни проблеми и други несакани ефекти при продолжено вдишување.

Освен што мексиканската влада ги предупредила жителите на Мексико Сити да останат во своите домови, алармирани се дури и оние кои навикнале да живеат на загаден воздух.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот