Мексико се закити со бронза на фудбалскиот турнир во Токио

Фото: EPA-EFE/KIYOSHI OTA

Денеска во натпреварот за бронзата на фудбалскиот турнир на Олимписките игри во Токио репрезентацијата на Мексико со 3:1 го совлада домаќинот Јапонија.

Мексиканците после првото полувреме водеа со 2:0 со головите на Кордова (од пенал) во 13 минута и Васкез во 22 минута.

Вега се погрижи за зголемување на позитивата во 58 минута, а Кордова ја запиша и третата асистенција на средбата на „Саитама“ стадионот.

Јапонците само успеаја да го ублажат поразот во 78 минута преку Митова по додавањето на Кубо.

В сабота е големото финале за златото, од 13.30 часот по македонско време Бразил ќе ги одмери силите против Шпанија.

Видео на денот