Мексико постави 15.000 гардисти и војници на границата со САД

Фото: Принтскрин

Мексиканските власти распоредија речиси 15.000 припадници на националната гарда и војници на границата со САД по договор со Вашингтон за запирање на нелегалната имиграција. Тоа го изјави министерот за одбрана на Мексико, Луис Кресенсио Сандовал.

На прес конференција тој изјави дека уште 6.500 луѓе се распоредени на јужната граница со Гватемала со цел блокирање на илјадници мигранти од Централна Америка кои сакаат да стигнат до САД.

Во крајот на мај, американскиот претседател Доналд Трамп се закани со царини за сите мексикански продукти за увоз во САД ако Мексико не го запре тој мигрантски бран. На 7 јуни двете држави постигнаа договор – освен распоредување сили за безбедност на границите, Мексико треба да обезбеди и враќање на мигрантите во нивните држави додека чекаат да бидат разгледани молбите за азил во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот