Мексико не се откажува од апсењето на синот на Ел Чапо

Претседателот на Мексико денеска соопшти дека неговата Влада не се откажува од апсењето на синот на познатиот наркобос Хоакин „Ел Чапо” Гузман кога ќе се исполнат условите тоа да се направи безбедно.

Синот на Ел Чапо, Овидио Гузман, кусо беше приведен во четвртокот во северниот дел на Мексико, по што избувнаа насилни судири меѓу безбедносните сили и припадници на моќниот картел Синалоа, и тој беше ослободен.

Претседателот на Мексико Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека со одлуката да се ослободи Овидио Гузман се „спасиле животи”, но најави дека ќе биде издадена нов налог за апсење.

Еден од најмоќните светски наркобосови, 62-годишниот Ел Чапо, беше осуден на доживотен затвор плус 30 години дополнителна затворска казна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот