Мексико му одобри политички азил на Моралес – Слободен печат
ВестиПланета

Мексико му одобри политички азил на Моралес

Шефот на мексиканската дипломатија рече дека Мексико го дал предлогот од хуманитарни причини.

Мексико го одобри барањето на поранешниот претседател на Боливија, Евро Моралес, за добивање на политички азил, изјавил во понеделникот навечер мексиканскиот министер за надворешни рабтои Марсело Ебрард.

„Мексиканското министерство за надворешни работи…. одлучи да му обезбеди политички азил на г-дин Ево Моралес од хуманитарни причини“, изјави Ебрард на прес-конференција.

Шефот на мексиканската дипломатија рече дека Мексико го дал предлогот од хуманитарни причини.

„Штотуку го добив повикот од претседателот Моралес. Тој одговори на нашиот предлог и побра усно и формален политички азил во нашата земја“, рече Ебрард пред новинарите.

Тој претходно во понеделникот рече дека Мексико е подготвен да му обезбеди прибежиште на Моралес на територијата на својата дипломатска мисија во Ла Паз, каде што веќе се наоѓаат 20 боливиски функционери и пратеници.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close