Мексико: Луксузни имоти на шверцери со дрога понудени на аукција

Фото: Фејсбук

Куќи со базени и тунели за бегство, ранч со хектари земјиште, луксузен стан со мрачна историја – тоа се дел од 27-те имоти конфискувани од мексиканските власти од шверцери со дрога и други кои беа синоќа понудени на аукција.

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор вети дека приходите од аукцијата на имотот, запленети од претходните влади, ќе одат за поддршка на маргинализираните заедници во сиромашниот и опасен Гереро.

Еден од најавените станови на аукција е на шеф на нарко картел.

При слична аукција кон крајот на мај властите собраа 1,5 милиони долари од конфискуван имот од криминалци и од еден политичар.

Откако дојде на власт, претседателот Лопез Обрадор брзо го наметна планот за штедење, вклучително и продажба на претседателскиот авион и други возила на владата, ја распушти дури и претседателската гарда, задолжена за неговото обезбедување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот