Мексико ја затега безбедноста на границата со Гватемала

Вонредна состојба на Гватемала/ Фото: ЕПА

Мексико воведе нови мерки за спречување на нелегалното преминување на јужната граница со Гватемала. Тие вклучуваат распоредување на воена полиција и употреба на беспилотни летала за следење на влезните точки. Тоа соопшти Националниот институт за миграција.

Објавата доаѓа откако стана јасно дека Мексико планира да ги засили граничните мерки за спречување на наглиот пораст на илегалните мигранти кон САД.

Од 1 март 4.180 деца и тинејџери патувале без дозвола низ Мексико, некои со постари членови на семејството, а други без придружба.

Построгите мерки на границата на Мексико со Гватемала, кои исто така забрануваат помали премини како што е туризмот, ќе бидат во сила еден месец со можност за обновување.

Пораст на бројот на приведени илегални имигранти во САД беше забележан на почетокот на март. Само во февруари повеќе од 100.000 луѓе беа приведени од американски граничари при обид да влезат во САД од Мексико. Ова е најголемиот број приведени илегални имигранти од средината на 2019 година.

Скокот за нелегален влез во САД од Мексико се очекуваше откако новиот претседател Џо Бајден при влегувањето во Овалната соба изјави дека ќе ги разгледа строгите мерки на јужната граница воведени од неговиот претходник Доналд Трамп. Вкупниот број за последниот месец февруари ќе биде најголем за месец февруари 2006 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот