Мексико им дозволи употреба на кокаин на две лица

Заплена на кокаин / фото: МИА

Суд во Мексико дозволи право на рекреативна употреба на кокаин на две лица, што е прв таков случај во таа држава.

Како што соопшти организацијата „Мексико обединето против злосторствата”, судот им дозволил да поседуваат, да носат и користат кокаин, но не и да продаваат.

Организацијата која се бори за завршување на „војната против дрогата” во Мексико, пресудата ја оцени како „историски чекор”.

Одлуката мора да биде потврдена од повисок суд пред да стапи во сила. Доколку биде одобрена, одлуката ќе се однесува само на тие две лица, чиј идентитет не е откриен.

Судската одлука не е преседан и не ги укинува постоечките закони за забрана за поседување кокаин во Мексико.

Врховниот суд на Мексико веќе има дозволено „рекреативно користење марихуана” во поединечни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот