Мексиканските власти спасија 210 мигранти скриени во камион

Мигранти / Фото: МИА

Мексиканските власти спасија 210 мигранти пронајдени во камион во југоисточниот дел на земјата, јави ДПА.

Странските државјани биле пронајдени во приколка на камион од агенти на Националната гарда и Одделот за миграција (ИНМ) на контролен пункт во близина на општината Есперанца во југоисточната држава Пуебла, се вели во соопштението на ИНМ.

Од ИНМ соопштија дека агентите ја отвориле вратата на приколката откако слушнале удари и вресоци од внатре. Тие пронашле возрасни и деца меѓу метални скелиња, ќебиња и единици за климатизација.

Возачот на камионот и возилото се предадени на обвинителство, се вели во соопштението и се додава дека најверојатно ќе бидат обвинети за трговија со луѓе.

Мексиканските власти пред две недели пронајдоа 600 мигранти во приколки на два камиони во државата Веракруз.

Извор: МИА

Видео на денот