Мексикански нарко картел шверцува дрога во пакети со грб на еден од најславните европски клубови

Мексиканската полиција заплени 45 килограми кокаин, но веста не била на спортските страници доколку дрогата не беше пронајдена во пакетите на кои стоеше грбот на еден од најголемите европски клубови.

Полицијата, дрогата ја заплени во простаништето Манзаниљо од каде преку борд кокаинот требало да биде пренесен во Европа.

Интересно е што дрогата била спакувана во пакети на кои се наоѓал грбот на португалската Бенфика.

Станува збор за стариот грб на португалскиот гигант кој беше во употреба до 1999 година.

Ова не е прв пат мексиканските нарко картели да се обидат дрогата да ја „сокријат“ со фудбалски амблеми, во минатото тие се обидоа да прошверцуваат дрога сокриена во фигури и на Лионел Меси и на Кристијано Роналдо.

Интересно е што ова исто така не е прв пат во пристаништето Манзаниљо нарко картелите да се обидат да шверцуваат кокаин и притоа да користат пакети со грбот на Бенфика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот