Мексикански клуб има ново засилување – Кристијано Роналдо! (ФОТО)

EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Екипата на Којотес Тлаксала го промовираше Кристијано Роналдо како свое ново засилување.

Секако, направија шега во која ги вклучија најголемата ѕвезда на „Старата дама“, Роналдо, и Јувентус. Му посакаа добредојде на Португалецот со овие зборови:

Гледаш ли како убаво ќе те личи со нашиот дрес? Кажи му на Јувентус да одговори на повикот – напиша овој клуб.

Со ваквиот потег Мексиканците секако предизвикаа огромно внимание, но за нивна жал доаѓањето на Роналдо останува само сон.

Можеби португалскиот фудбалер после авантурата со Јувентус, кариерата како што од претходно се шпекулира дека ќе ја заврши во САД, па можеби од блиску ќе имаат шанса барем да го запознаат еден од најдобрите играчи на светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот