МЕКСИКАНСКИ ГРАНИЧАРИ со специјален рендген снимиле мигранти скриени во камион (ВИДЕО)

Мексиканската гранична полиција успеа со помош на голем рендген на контролниот пункт во централната држава Закатекас да открие 51 нелегален мигрант од Средна Америка.

Откако Доналд Трамп се закани со воведување на санкции доколку мексиканските власти не преземат нешто за да ги спречат мигрантите да влегуваат на американска територија, се чини дека Мексиканците започнаа посериозно да ја сфаќаат работата.

Со помош на специјален рендген, мигрантите биле откриени како се кријат во тајни бункери во камион. Мигрантите од Гватемала, Хондурас, Ел Салвадор, Никарагва и Еквадор, од кои 21 лице било малолетно, сега се наоѓаат во притвор во мексиканскиот Државен институт за миграција.

 

https://www.youtube.com/watch?v=JLLrIZxUSmE

 

Во понеделникот, мексиканските државни служби во јужната држава Чиапас пронајдоа дополнителни 228 скриени мигранти при рутинска проверка на камион кој превезувал безалкохолни пијалоци.

Мексиканските власти после договорот кој го постигнаа со Вашингтон значително ги засилија своите напори за сопирање на илегалната миграција во САД преку мексиканска територија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот