Мексикански градоначалник се оженил со алигатор

алигатор
Фото: Pixabay

Градоначалник на еден мал мексикански град се оженил со својата невеста – алигатор на голема церемонија придружена со традиционална музика, весели гости и извици од домородниот водач кој го овековелил свечениот чин, пренесува „Дејли Мејл“.

Виктор Иго Соса, градоначалникот на Сан Педро Хуамелула, за време на венчавката во четвртокот, неколку пати го бакнал алигаторот, кој бил врзан за да избегнат несакани каснувања.

Свадбен ритуал стар со векови

Се смета дека овој свадбен ритуал потекнува од предхиспанските домородни заедници Чонтал и Хуаве во државата Оахака, како и молитвата за благодатите на природата.

„Бараме од природата доволно дожд, доволно храна и риба во реката“, рече Соса, градоначалникот на малото рибарско место на брегот на Оахака, лоцирана во сиромашниот југ на земјата, која воедно е област со богата автохтона традиција каде што многу групи тврдоглаво ги одржуваат своите традиции.

Вековниот ритуал во Сан Педро Хуамелула, денес е помешан со елементи на католичката духовност, вклучува облекување на алигаторот или кајманот во бела венчаница со шарени украси.

Алигатор како принцеза и божество

Се верува дека седумгодишниот рептил, за оваа прилика наречен мала принцеза, го претставува божеството на мајката Земја, а нејзината венчавка со локален водач го симболизира соединувањето на луѓето со божественото.

Звукот на трубите и чукањето на тапаните го надополнуваат празнично расположение за време на поворката во која некои од мештаните ја носат невестата – алигатор на раце, додека останатите весело ѝ мавтаат.

„Се чувствувам среќно и гордо на моите корени“, изјави Елиа Едит Агилар, кумата која ја организираше венчавката.

Таа рече дека се чувствува привилегирана што има можност да биде одговорна за церемонијата и додаде дека потрошила многу време одлучувајќи со што ќе биде облечена невестата.

„Ова е многу убава традиција“, додаде таа со насмевка на лицето.

Фотографии од венчавката можете да видите овде.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот