Мексиканската полиција го уапси водачот на бандата Санта Роса де Лима

Фото: МИА

Во мексиканската држава Гванахуто денеска е уапсен Хосе Антонио Јепеза Ортиза, водачот на злогласната банда Санта Роса де Лима, познат како Ел Маро (ковач).

Бандата Санта Роса де Лима повеќе години е во судир со картелот Халиско.

Ел Маро е познат по тоа што поставуваше видео-снимки со емотивни пораки до своите следбеници. Во јуни тој објави снимка на која плаче по апсењето на неколкумина негови приврзаници и роднини. Во друго видео тој се закануваше дека ќе се здружи со картелот Синалоа и ќе го победи мексиканскиот најбрзо растечки картел Халиско.

Санта Роса де Лима не е картел туку моќна насилна банда која краде гориво од нафтоводите и рафинериите, а исто така ограбува и товарни возови. Кога возовите и нафтоводите ја зајакнаа безбедноста, бандата почна да се занимава со киднапирање и уцени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот