Мексиканската актерка го обвинува Шон Пен: Ме искористи како мамка, а потоа не ме заштити

Profimedia

Актерката Кејт Дел Кастиљо откри дека страда од анксиозност и спие со пиштол под перница откако била испитувана од мексиканската влада, во врска со интервјуто со „кралот на дрогата“, Ел Чапо.

Profimedia

Мексиканската актерка Кејт Дел Кастиљо го обвини Шон Пен дека ја искористил како пион во неговото озлогласено интервју со кралот на дрогата, Хоакин „Ел Чапо“ Гузман. Таа била присутна на состанокот меѓу Пен и Ел Чапо во 2015 година, а во врска со документарецот кој планирала да го направи за животот на Гузман. Неколку месеци подоцна во списанието „Ролинг стоун“ било објавено интервјуто на Пен со Гузман.

Според Кастиљо, Пен го загрозил нејзиниот и животот на нејзиното семејство, а воедно таа ситуација влијаела врз нејзините финансии и ја довела до анксиозност.

Ме искористи како мамка, а потоа никогаш не ме заштити. Јас го ризикував својот и животот на моите родители, сестра ми и сите мои блиски – изјави Дел Кастиљо.

Во врска со наводите на Пен во интервјуто дека групата луѓе што оделе на имотот од Ел Чапо за да се состанат со него, морале да поминат низ неколку барикади чувани од вооружени луѓе и притоа биле претресувани, актерката изјави дека се лажни.

Profimedia

Тој е навистина глупак. Стави неколку реченици за да ја зачини приказната. Никаде немаше барикади и никогаш не бевме претресувани. Неговото интервју беше полно со невистини – тврди таа.

Интервјуто на Шон Пен стана мегапопуларно, додека Дел Кастиљо заврши под истрага од мексиканската влада за нејзиниот состанок со озлогласениот „крал на дрогата“. За да избегне обвинение, таа во 2015 година замина во САД каде што веднаш доби жителство.

Во врска со наводите дека била во романтична врска со Пен, актерката вели дека имале само физички контакт:

Кога излезе приказната, никогаш повторно не зборував со Пен. По средбата со Ел Чапо, кога се враќавме во авионот, бевме многу возбудени. Отворивме шампањ, пиевме и нешто се случи. Не беше романса, ниту љубовна врска. Само имавме секс. Едноставно се случи.

Profimedia

Кејт вели дека се кае што била толку наивна и му верувала на актерот што ја спречило да ја види реално целата слика за тоа што се случува. Кастиљо тврди дека ако немала американски пасош, досега ќе била во затвор.

Останав без заштеда. Плаќам даноци во Мексико. Сè уште страдам од анксиозност и спијам со пиштол под перница – вели таа.

Ел Чапо побегна од два високо обезбедени затвори пред да биде уапсен во 2016 година и екстрадиран во САД во 2017 година. Минатото лето е осуден на доживотен затвор за неговите криминали и казната ја издржува во затвор во Колорадо.

Портпаролот на Шон Пен не дал изјава на ваквите тврдења на актерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот