Мексиканска полиција открила гроб со 29 тела спакувани во пластични кеси (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Мексиканските власти соопштиле дека пронашле 29 тела спакувани во повеќе стотици пластични кеси фрлени во гроб во населба во западната држава Халиско.

Стапката на убиства во Мексико порасна на највисоко ниво во првата половина од оваа година.
Минатата година во оваа земја биле регистрирани 29.111 убиства.

Државниот обвинител во Халиско, Герардо Солис, на конференција за новинарите ркеол дека истражителите избројале 13 комплетни и 16 некомплетни тела од кога остатоците биле пронајдени во општината Запопан во првата недела од септември.

Државната администрација и државниот обвинител соопштиле дека две жртви се жени и дека најмалку четири лица имале криминално досие, но не навеле повеќе детали.

Бројот на тела може да се зголеми во текот на истрагата, изјавил извор од канцелариите на државниот обвинител, кој не сакал да биде именуван.

Нарко картелите во Мексико често ги киднапираат и ги убиваат своите противници, а многумина ги погребуваат во скриени гробови ширум земјата.

Властите се уште немаат објавено дали новата масовна гробница е поврзана со насилство од страна на членови на картели.

Познато е дека во Халиско делуваат неколку вакви криминални организации, вклучвајќи ја и една од најзлогласните „Картелот на Халиско, понова генерација“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот