Меконел: Трамп мора да побара истрага за евентуални неправилности на изборите

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Лидерот на републиканското мнозинство во американскиот Сенат, Мич Меконел изјави дека претседателот Доналд Трамп мора да побара истрага за евентуални „неправилности” на претседателските избори во земјата што се одржаа минатата недела.

Во говорот во Сенатот, Меконел не ги призна Џо Бајден и Камала Харис за избрани претседател, односно потпретседател на САД

– Претседателот Трамп има стопроцентно право да ги испита наводите за неправилности и законски опции, рече Меконел.

Републиканскиот лидер во Претставничкиот дом, во кој демократите имаат мнозинство, Кевин Мекарти во неделата за „Фокс њуз“ изјави дека треба да се слушнат сите правни аргументи пред Американците да одлучат „кој ја добил трката”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот