Меколи Калкин ги подржа „твитерџиите“ да се отстрани сцената со Трамп од „Сам дома 2“

Instagram
Instagram

Откако корисниците на социјалните мрежи почнаа да бараат Доналд Трамп да биде отстранет од филмот „Сам дома 2“, тие беа поддржани од актерот Меколи Калкин, кој ја игра главната улога, Кевин Мекалистер во филмот.

Instagram
Instagram

„Да покренеме петиција со која бараме Трамп да биде отстранет од сцената во филмот„ Сам дома 2 “ и да го замени 40-годишниот Маколи Калкин“, напиша еден корисник на Твитер

„Продадено“, одговори Калкин.

Калкин го поддржа и корисникот кој самиот го избришал Трамп од сцената.

„Браво“, напиша Меколи за неговиот потег.

Режисерот на филмот за „ Insider“ изјавил дека сцената со Трамп не била планирана, но тој ги присилил да му дадат улога.

„Тој рече дека може да го користиме неговиот хотел само ако тој е дел од филмот.“

Трамп предизвика гнев кај јавноста откако неговите приврзаници упаднаа во Капитол и направија немири. Поради тој инцидент, профилот на Трамп на Твитер беше избришан, а тој изгуби многунегови приврзаници.

Ова не е прв пат Трамп да биде отстранет од филмот. Пред две години канадската CBC отстрани осум минути од филмот, вклучително и оваа сцена, а тоа не му се допаднало на Трамп, кој тогаш напишал на Твитер:

„Ми се чини дека на Џастин Т. не му се допадна тоа што го натерав да плати за НАТО и трговскиот договор.“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот