Мекларен го претстави болидот за новата Ф1 сезона (ВИДЕО)

фото: твитер

Автомобилот е сè уште во портокалова, со некои сини украси, но за прв пат има „мат финиш“.

Тимот на Мекларен го претстави новиот болид „MЦЛ35″ на церемонијата во својот Центар за технологија. Тој е сè уште во портокалова, со некои сини украси, но за прв пат има „мат финиш“.

На тоа се потпираат и Ред Бул, Мерцедес и Ферари, бидејќи покрај добриот изглед, оваа опција ја олеснува шасијата за неколку стотини грама.

– Ми се допаѓа многу. Новиот мат дава финиш на целата работа што е поставена во овој автомобил и изгледа одлично – вели пилотот на тимот, Карлос Сајнз.

Ландо Норис, неговиот тимски колега се пошегува: „Јас сум дизајнерот!”

Шефот на тимот, Андреас Зеидел изјави дека автомобилот за прв пат бил претставен пред луѓето од целиот тим синоќа во знак на благодарност за сработеното.

– Денес е следниот чекор во нашето патување. Сепак, не треба да се занесуваме затоа што сезоната ќе биде тешка – рече Зеидел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот