Мекинро: Се обложувам дека Ѓоковиќ ќе биде рекордер!

фото: фејсбук

Српскиот тенисер моментно има 16 грен слем трофеи, три помалку од Рафаел Надал и четири помалку од Рожер Федерер, а можност да им се доближи во Мелбурн.

Легендарниот американски тенисер Џон Мекинро, сега коментатор на „Еуроспорт“, вели дека кога би морал да се обложи, би се обложил дека Новак Ѓоковиќ ќе биде рекордер по бројот на грен слем турнири.

Српскиот тенисер моментно има 16 грен слем трофеи, три помалку од Рафаел Надал и четири помалку од Рожер Федерер, а можност да им се доближи на претстојниот „Австралија опен“ каде што освои веќе седум титули.

– Доколку би морал да се обложам, веројатно би го избрал Новак како тенисер кој ќе биде рекордер по бројот на пехари од грен слем турнири. Доколку остане здрав, има големи шанси да освои неколку грен слемови, секоја сезона по два или три. Сега прашање е дали Рожер ќе успее да освои уште еден, односно дали некој ќе успее да го совлада Надал на „Ролан Гарос“. Верувам дека Рафа секако ќе додаде уште некој трофеј од Париз, најмалку уште еден, и можеби ќе направи уште нешто големи од останатите турнири, па тој ќе има шанса да го надмине Федерер – рече Мекинро.

Првиот грен слем сезонава во Мелбурн ќе се игра во периодот од 20 јануари до 2 февруари 2020 година.

Претходно ја објавивме ждрепката за „Австралија опен“, и кога би можеле да се сретнат Ѓоковиќ и Федерер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот