Мекинро: Надал треба да се плаши само од еден ривал

EPA-EFE

Рафаел Надал е името кое тенисерите на Ролан Гарос се обидуваат да го совладаат. Шпанецот на неговиот омилен Гран слем турнир има дури 11 триумфи, а годинава имаше доминантна претстава во првите две кола. Првиот посериозен тест за Надал е утрешниот дуел со Давид Гофан во рамките на третото коло.

Според легендарниот Џон Мекинро, само шест тенисери имаат шанса да го совладаат Надал на Ролан Гарос, но тој треба да стравува само од еден, првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ.

– Рафа делува непобедливо.  Ги имаме Ѓоковиќ, Тим и Фоњини, но тие се наоѓаат во другата половина од ждрепката. Федерер се врати на земјените терени и очигледно е дека го почитува Надал но не му е дораснат ривал на оваа подлога. Вавринка може да биде опасен, само под еден услов, доколку игра на највисоко ниво. Последен кој може да го предизвика Надал е Стефано Циципас кој многу напредуваше во последно време и тука листата се затвора. Сепак, мислам дека Ѓоковиќ е единствениот од кој Надал треба да се плаши но и тука повторно шансите се на негова сметка со 60%-40% – вели Мекинро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот