Мекинро: Мислам дека сезоната за Ѓоковиќ е завршена

Новак Ѓоковиќ предвреме ги заврши настапите на УС Опен поради повредата на рамото. Првиот тенисер на АТП ранг листата, во третиот сет од осминафиналето против Станислас Вавринка го предаде мечот иако веќе губеше со 2:0 во сетови.

Легендарниот американски тенисер, Џон Мекинро, кој сега работи како стручен аналитичар за неколку ТВ куќи смета дека Новак нема да се врати годинава на терените.

– Мислам дека Новак нема да го гледаме до крајот на годината. Мислам дека нема да ризикува пред време да си врати и да ја влоши состојбата со рамото – изјави Мекинро за ЕСПН.

Засега сè уште не е позната тежината на повредата на Ѓоковиќ и дали ќе биде потребна подолга рехабилитација или не.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот