Мекинро го „уништи“ Федерер, сними спот во кој го фали Новак

EPA-EFE/LUKAS COCH

Легендарниот американски тенисер Џон Мекинро сними спот кој е спротивен на рекламата на Рожер Федерер за Ролекс во која се прогласи за најдобар тенисер на сите времиња бидејќи има најатрактивен стикл на игра.

Контроверзната реклама на Федерер за производителот на скапоцени часовници предизвика бројни негативни реакции, фановите се чудат зошто Швајцарецот дозволи да се сними посебно во период во кој се поактивни се дискусиите за тоа кој е најдобар тенисер во историјата. Новак Ѓоковиќ само што го започна финалето на Вимблдон против Матео Баретини и доколку слави ќе дојде до 20 грен слем трофеј во историјата со што ќе се израмни со Федерер и Рафаел Надал на првото место вечната листа.

За многумина тениски експерти, доколку Ѓоковиќ ја освои титулата на Вимблдон ќе ги има сите адути да биде прогласен за најдобар во историјата иако до пред неколку сезони главен фаворит за ваквиот примат беше Федерер.
Еден од тие кои сметаат дека Федерер претера со рекламата е Џон Мекинро, кој сними спот со кој го уништи Швајцарецот.

„Грен слем не е натпреварување во популарност. Да се биде оној кого сите го сакаат, оној кого сите сакаат да го  победат, да не завршат во калта. За тоа станува збор. Можеби ќе го наречат клинички точен, досаден, можеби ќе ви кажат дека сте одвратно дериште. Тоа ништо не значи. Се што ќе ви даде кога ќе излезете на терен е респект. Не можете да не респектирате човек кој пехарот на Вимблдон го крена пет пати. Кога ќе истече времето, дали го мериш бројот на следбеници кои ги имаш? Абе, ајде бегај. Ќе ви судат по тоа што сте направиле во тенисот. И знаете што, со тек на времето можеби ќе те засакаат“, порача Мекинро.

Претходно, Федерер во рекламата го омаловажи бројот на освоени титули на најважните турнири.
„На кој начин ја мериме големината? Преки бројот на титулите, преку бројот на освоени грен слем пехари? Можеби, но не само преку нив. Некои работи и бројки не можат да објаснат се.Бројките нема да покажат дека тој е најпочитуваниот спортист поради елеганцијата на теренот, но и надвор од него. Вистината е дека што и да покаже вечната листа, неговата легендарност може само да расте. Бидејќи со тек на времето, наследството на Рожер Федерер ќе биде поголемо од било кој број“, стои во текстот на спорната реклама на Швајцарецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот