Мекиќ: Секое дерби носи посебни емоции, МЗТ Скопје секогаш ја носи фаворитската улога

Адем Мекиќ со 27 постигнати поени беше најпрецизен во тимот на МЗТ Скопје/фото: КФСМ

МЗТ Скопје го совлада Работнички со 79:78 во Суперкупот што претставува одлична најава за стартот на новата сезона, а најголеми заслуги за триумфот на „металците“ одат на сметка на Адем Мекиќ.

Крилото на МЗТ Скопје Аеродром беше најпрецизен во својот тим со 27 постигнати поени, а имаше и седум скокови.

– Секое дерби носи посебни емоции и посебна радост. Не се важни заедничките тренинзи, буџетите и слично, секој натпревар меѓу Работнички и МЗТ Скопје е приказна за себе. Добро е што се возобнови Суперкупот и што по подолго време игравме со публика бидејќи ова е тоа за што ние тренираме и играме. МЗТ Скопје секогаш ја носи фаворитската улога, има многу екипи кои направија одлични состави, но ние секогаш одиме на сите трофеи – изјави Мекиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот