Мекиќ повторно во дресот на МЗТ Скопје Аеродром

фото: mzt skopje aerodrom

Македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ (24 год, 197 см), во следната сезона ќе го носи дресот на МЗТ Скопје, откако денеска потпиша едногодишен договор со актуелниот шампион.

Ова всушност значи негово враќање во тимот во кој ги направи речиси првите чекори на сениорската сцена. Мекиќ претходно беше дел од аеродромскиот клуб во периодот помеѓу 2014 и 2017 година, кога настапуваше во елитната АБА-лига и во Еврокупот, а потоа одигра две сезони во Куманово и една во Пелистер.

Тој за време на престојот во Аеродром се закити со три шампионски титули и два пехари во Купот на Македонија.

Ова е второ засилување за екипата летово, по ангажманот на Филип Бакоч, а од минатата сезона ќе продолжат Дамјан Стојановски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко и Бојан Крстевски, заедно со тренерот Ѓорѓи Кочов, кој исто така го обнови договорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот