Мекгрегор: Секоја будала која сака може да се бори со мене

твитер

Најпознатата ММА ѕвезда на денешницата по спектакуларниот нокаут, потсети дека е најголем брбливец во УФЦ.

На Мекгрегор му беа потребни само 40 секунди за да дојде до спектакуларна победа над Доналд Серон со што во својата кариера има скор од 22 победи и само четири порази. Истовремено со победата, Ирецот стана првиот борец воп историјата кој остварил победи во три тежински категории, перо лесна, лесна и велтер.

– Ми се допаѓа велтер категоријата, но истовремено сакам да ги менувам тежинските категории, да одам горе-доле. Навистина добро се чуствував и излегов од борбата недопрен. Се наоѓам во добра форма, но морам сè уште да работам за да се вратам на нивото на кое бев пред паузата – изјави Мекгрегор.

Иако престедателот на УФЦ, Дејна Вајт сака реванш кој на организацијата би и донел вистинско богатство, Мекгрегор-Нурмагомедов, Ирецот им фрли ракавица на сите заинтересирани.

– Секоја од овие будали кои ја гледаа борбата може да добијат „порција“ ќотек. Секој. Не ми е важно името, дури и оваа будала што седи тука – изјави Мекгрегор мислејќи на Пол Фелдер, УФЦ борец кој работи и како стручен коментатор, а во минатото често го критикуваше Ирецот.

– Исто така, следен противник може да биде и онаа будала во баде-мантилот – прокоментира Мекгрегор мислејќи на Хорхе Масвидал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот