„Мекдоналдс“ во Велс почнал да пушта класична музика за да ги смири проблематичните муштерии

Еден ресторан на „Мекдоналдс“ во Велс, Велика Британија, почнал да пушти класична музика и повремено да ја исклучува ви-фи мрежата, во обид да се намалат насилните инциденти и антисоцијалното однесување на дел од муштериите, јавува „Би-би-си“.
Ресторанот за брза храна ги презел овие чекори по инцидентите во локалот во градот Рексам, поради кои полицијата мораше да разбива толпи и да го ограничува движењето. Група од 20 до 30 млади луѓе предизвикале „вознемирување“ минатата недела, соопштија локалните власти.
Инспекторот Лук Хјуз од полицијата во Северен Велс рече дека имало „една пријава за напад, активиран апарат за гаснење пожар, знаци и монети фрлени врз вработените во продавница и мали деца кои биле бркани од оваа група“.
Инспекторот Хјуз вели дека и покрај некои однесувања кои „предизвикуваат загриженост и вознемиреност, Рексам направил одредено подобрување во последните месеци“.
„Свесни сме за антисоцијалното однесување кое влијае на пошироката област и воведовме голем број мерки во нашиот ресторан во Рексам за да ја поддржиме полицијата во справувањето со овој проблем.
„Тие вклучуваат пуштање класична музика од 17 часот до крајот на работното време и исклучување на интернетот во одредени часови навечер“, велат од „Мекдоналдс“.