„Мекдоналдс“ ја напушта Босна и Херцеговина, се затвораат рестораните во Сараево и Мостар

„Мекдоналдс“ во Сараево / фото: Нермин Прељевиќ / Google Maps

Светскиот ланец на ресторани за брза храна „Мекдоналдс“ вечерва ги затвора своите ресторани во Босна и Херцеговина и престанува да работи во земјата, јавија локалните медиуми.

Според информациите, глобалната компанија ги затвора петте ресторани во Сараево и Мостар поради проблеми со франшизата. Со слично објаснување, мултинационалниот гигант го објасни и заминувањето од Македонија пред девет и пол години, во мај 2013 година.

За дел од босанските медиуми, одлуката претставува изненадување, бидејќи „Мекдоналдс“ овој месец го реновираше ресторанот во сараевската населба Неџариќи, со целосно нов концепт и дизајн.

Првиот ресторан на „Мекдоналдс“ во БиХ беше отворен во јули 2011 година, со што земјата тогаш стана 118-тата држава во која се отворени популарните ресторани за брза храна.

Во моментов, „Мекдоналдс“ има преку 38.000 ресторани во над 100 земји ширум светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот