Мејведер во ринг против Нурмагомедов, тоа би била најскапата борба во историјата!

фото: твитер

Освен меч против Хабиб Нурмагомедов, а за непоразениот боксер Флојд Мејведер не е проблем во реванш дуел повторно да ги одмери силите против Конор Мекгрегор.

Мејведер би сакал да боксува против Ирецот, но за 300 милиони долари, а за истата сума е подготвен да влезе во рингот со Нурмагомедов.

Американецот објасни зошто неговото долготрајно ментално здравје е поважно од заработката, поради што води само борби за кои знае дека лесно може да победи.

– Конор Мекгрегор не може да удира – рече Мејведер.

Тој додаде дека и натаму тренира и вежба, и не е далеку од своите борбени вештини, но не звучи како приоритет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот