Мејведер се враќа од пензија за да боксува со јутјуб ѕвезда

фото: твитер

Поранешниот и непоразен боксерски шампион Флојд Мејведер последната борба во рингот ја имаше пред две години кога го победи Теншин Насукава.

Флојд Мејведер преку социјалните мрежи потврди дека се согласил да боксува во ревијален меч против јутјуберот Логан Пол.
Еден од најдобрите боксери на сите времиња својата професионална кариера ја заврши со перфектен скор од 50 победи без ниту еден пораз и притоа освои 12. светки титули во пет тежински категории.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Floyd Mayweather (@floydmayweather)


Боксувањето во ревијални мечеви не е непознаница за Мејведер, токму последните два негови меча беа ревијални. Прво во 2017 година во Лас Вегас со прекин го победи тогаш УФЦ шампионот Конор Мекгрегор и притоа заработи повеќе од 300 милиони долари.

Наредната година Мејведер имаше ревијален меч против кикбоксерот Теншин Насукава кого го нокаутира уште во првата рунда.

Неговиот противник е познатиот јутјубер Логан Пол кој веќе има два ревијални бокс мечеви. Боксеркото деби на Пол против раперот КСИ заврши без победник, додека во вториот меч раперот славеше над Логан Пол.

Најавата за бокс дуелот на Мејведер и Логан Пол доаѓа само една недела откако братот на јутјуб ѕвездата, Џејк Пол во ревијален меч го нокаутира поранешниот НБА играч, Нејт Робинсон.
Нивната борба беше една од воведните во вечерта каде главни ѕвезди беа поранешните шампиони Мајк Тајсон и Рој Џонс јуниор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот