„Мејл од сандеј”: Трамп за инает на Обама се повлекол од договорот со Иран

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Американскиот претседател Доналд Трамп се повлекол од иранскиот нуклеарен договор поради „дипломатски вандализам”, со цел да му пркоси на својот претходник Барак Обама.

Ова го напишал поранешниот британски амбасадор во Вашингтон, Ким Дерок во новооткриениот шокантен допис до Даунинг стрит, пишува „Мејл он сандеј”.

Дерок наведува дека американскиот претседател се повлекол од нуклеарниот договор „од лични причини”, потенцирајќи дека имало поделби меѓу неговите најблиски соработници.

Минатата недела „Мејл он сандеј” објави документи во кои Дерок ја опишува администрацијата на Трамп како „неспособна” и „дисфункционална”, што предизвика дипломатски спор меѓу Лондон и Вашингтон, по што британскиот амбасадор поднесе оставка.

Британските надлежни органи започнаа истрага за пронаоѓање на лицето одговорно за протекување на документите. Според пишувањето на „Сандеј тајмс”, кој се повикува на неименувани владини извори, осомничениот е веќе идентификуван и претпоставките дека протекувањето на документите би можело да биде резултат на хакерски напад од странство се исклучени.

Шефот на антитерористичката полиција вчера ги предупреди медиумите да не ги објавуваат овие документи, бидејќи би можело да претставува кршење на Законот за државна тајна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот