Меил на кандидатот на СДП за градоначалник на Загреб: Мапа на Хрватска со цел Срем и Которски залив

Фото: youtube/printscreen

Кандидатот на Хрватската социјалдемократска партија (СДП) за градоначалник на Загреб, Јошко Клисовиќ, испрати е-пошта со предизборен материјал што го проследи до членовите на градското раководство на СДП и текст илустриран со фотографија на мапа на Хрватска што вклучува делови од Србија и од Црна Гора.

Имено, визуелното решение што е проследено со текстот „жал ми е што премиерот не реагира толку брзо на клучните проблеми во земјата“ се состои од мапа што ја прикажува источната граница на Хрватска до територијата на Земун, близу Белград.

Освен фактот што Земун, Сремска Митровица и Шид се додадени на Хрватска на таа мапа, на картата е и Националниот парк на Србија – Фрушка гора.

На таа мапа, Хрватска е малку зголемена и за сметка на Црна Гора, чиј Которски залив е претставен како хрватска територија.

„Јутарњи лист“ известува дека некој што ја објавил оваа илустрација со текст во предизборниот и внатрепартиски билтен на Клисовиќ бил многу креативен, бидејќи такви мапи не постојат никаде во Хрватска, бидејќи Хрватска во историјата никогаш не постоела на тие граници.

– Тоа е глупава и непотребна техничка грешка. Оние кои се виновни за оваа грешка веќе ја презедоа одговорноста. Продолжуваме понатаму, рече Игор Драгован од изборниот штаб на кандидатот на СДП за градоначалник на Загреб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот