Мехмедовиќ: Состојбата со ковид-19 се следи на дневно ниво, засега не се планираат нови мерки

Д-р Злате Мехмедовиќ / Фото: Слободен печат

Засега не се планираат нови мерки за заштита од коронавирусот. Состојбата се следи на дневно ниво и најмногу зависи од болничките капацитети и бројот на починати лица, изјави за МИА д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.

„Комисијата за заразни болести во изминатиот период најави дека мерките што ќе се носат, а ќе бидат во насока на превенција и ќе бидат согласно параметрите што ги следиме од Центарот за контрола за болести, а тоа не е само бројката на новозаразени, туку се и болничките капацитети, односно исполнетоста на болниците, како и бројот на починати што се регистрираат согласно дневните Ковиц статистики“, вели Мехмедовиќ.

Согласно анализите во последниот извештај, тој истакна дека во моментов актуелни се мерките за носење маска во јавен превоз, аптеки, здравствени установи и старечките домови и домови за лица со попреченост.

Доколку има промена во епидемиолошката состојба, како што посочи Мехмедовиќ, ќе бидат разгледани параметрите и Комисијата ќе препорача нови мерки за заштита од вирусот.

Во однос на исполнетоста на болничките капацитети, тој информираше дека согласно податоците од Клиниката за инфективни болести, сè уште има доволно болнички капацитети што можат да се стават на располагање, но забележан е зголемен број на амбулантски прегледи на Инфективната клиника.

Во текот на изминатото деноноќие од вкупно 1.129 тестирања, регистрирани се 355 нови случаи на ковид-19, од кои 89 се реинфекции. Починато е едно лице од Скопје во болнички услови и едно лице од Струга во домашни услови. Во моментов активни се 1474 случаи на вирусот.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот