Мегваер прогласен за виновен: Обид за поткуп, насилство, навреди!

фото: EPA-EFE/STR

Наместо убав одмор во Грција, истиот се претвори во „кошмар“ за капитенот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер кој е прогласен за виновен за нанесување телесни повреди, обид за поткуп, насилство врз службените лица одговорни за јавниот ред и навреди по апсењето на грчкиот остров Миконос, беше одлучено денеска на судењето во Сирос.

Еден од водечките адвокати во Грција од областа за заштита на човековите права, Алексис Анагностакис беше во одбрана на фудбалерот на англиската репрезентација.

После две ноќи во притвор, играчот беше ослободен минатиот петок, а со оглед на тоа што веќе се изјасни дека е невин, тој дури и не мораше да присуствува на денешното судење, тоа го направи неговиот татко Алан кој седеше во првиот ред.

Хари, неговиот брат Џо и семејниот пријател Кристофер Шарман се обвинети за напад врз службено лице, непочитување на полициските наредби, нанесување телесни повреди, навреда и обид за поткуп на службено лице.

Изречена е затворска казна од 21 месец и 10 дена, но ова ќе биде суспендирано, бидејќи станува збор за прв прекршок и обвиненијата беа прекршочни.

Англиските медиуми денеска пишуваат дека до големиот инцидент дојде откако двајца албански туристи внеле непозната течност во пијалокот на сестрата на Мегваер, Деси, односно со цел да ја дрогираат по што се онесвестила.

Како што информира „Мирор“, после апсењето играчот на „црвените ѓаволи“ рече:

Знаете ли кој сум јас? Јас сум капитен на Манчестер јунајтед, имам многу пари, ќе ви дадам колку треба, само пуштете ме, ве молам? – беа зборовите на Мегваер.

Неговата одбрана тврди дека еден од полицајците со нога го удрил фудбалерот и му испрати порака: „Твојата кариера е готова“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот