Мегваер ќе биде најскапиот дефанзивец во светот!?

„Црвените ѓаволи” ќе платат 80 милиони фунти на Лестер за одбранбениот играч Мегваер, пренесува „Скај Спортс”.

Така, Мегваер ќе стане најскапиот дефанзивец во светот, надминувајќи го досегашниот рекорд на Вирџил ван Дајк, кој му се придружи на Ливерпул во 2018 година за 75 милиони фунти. Ова не е ништо ново, бидејќи од претходно се шпекулираат ваквите најави.

На почетокот на седмицата, пропушти тренинг сесија на „лисиците”, при што официјалната верзија е болест, но според многумина, причината била преговорите за трансферот на дефанзивецот во екипата на „црвените ѓаволи”.

Има договор со Лестер уште четири години, што му овозможи на неговиот тим да биде смирен дека нема да го продаде толку лесно.

„Лисиците” цврсто изјавија дека играчот не е на продажба, но тие на крајот имаат тенденција да го пуштат да оди на „Олд Трафорд” доколку ја добија посакуваната сума, која според информациите би можела да достигне и до 90 милиони фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот