Меѓусебни тужби кај француските политичари по масовните демонстрации на полицијата пред Националното собрание

epa09172276 A protester is detained by riot police as clashes erupt during the annual May Day march in Paris, France, 01 May 2021. Labour Day, also known as the annual May Day march in Paris, France, 01 May 2021. EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманан во неделата поднесе тужба против Одре Пулвар кандидатката на Социјалистичката партија во регионот Ил-де-Франс, обвинувајќи ја за „клевета на полицијата”. Таа одговори денес исто така со тужба против министерот за внатрешни работи за клевета „клеветничко обвинување”.

Еден месец пред регионалните избори во Франција и по полициските демонстрации, отворена е војна меѓу министерот за внатрешни работи Жералд Дарманан и предводничката на листата на социјалистите за регионот на Ил-де-Франс в Одри Пулвар, поддржана од социјалистичката партија. Во недела, 23 мај, министерот објави на Твитер дека поднесува тужба против кандидатката на социјалистите, која ги нарече како „прилично застрашувачки” полициските демонстрации во средата пред Националното собрание и со цел да „извршат притисок” врз пратениците.

-Зборовите на Мадам Пулвар ги надминуваат едноставните рамки на изборната кампања и длабоко ја оцрнуваат полицијата на Република. Поднесувам жалба во име на Министерството за внатрешни работи”, твитна министерот за внатрешни работи во неделата вечерта, остро критикуван од опозицијата дека ја поздрави полицијата на почетокот на митингот пред Националното собрание.

Одре Пулвар, поранешната новинарка објасни во саботата на 22 мај на „Франс Инфо” дека смета дека тоа беше „прилично застрашувачка” демонстрација поддржана од екстремната десница, во која учествува министер за внатрешни работи, која маршира кон Националното собрание за да изврши притисок врз пратениците законски текст”.

Одре Пулвар, и нејзината листа веднаш реагираа на тужбата на Жералд Дарманан осудувајќи го „нападот врз слободата на изразување со крајна сериозност”. „Овој обид за заплашување на кандидат на опозицијата, од страна на министер за внатрешни работи, исто така одговорен за организација на изборите (…) е без преседан во Петтата република”, стои во соопштението.

На овој митинг организиран од полициските синдикати се појавија и функционери од сите политички струења, од Националниот собир до Комунистичката партија, а на нив се приклучија неколку левичарски политичари, вклучително и градоначалникот на Париз Ан Идалго, Оливие Фор првиот човек на социјалистите и екологистот Јаник Жадот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот