Меѓународниот превоз на патници со пад од над 33 отсто

Според статистиките годинава во првите три месеци вкупниот број на патници изнесувал 16.492.000 што е за 17 проценти помалку во однос на претходната година.

Превозот на патници во земјава како и надвор од неа бележи драстичен пад во првото тримесечје во споредба со истиот период претходната година се вели во извештајот што го објави Државниот завод за статистика.

Според статистиките годинава во првите три месеци вкупниот број на патници изнесувал 16.492.000 што е за 17 проценти помалку во однос на претходната година.

Поодделно бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 16,9 отсто, во приградскиот превоз за 16,3, во меѓуградскиот превоз за 19,6, а во меѓународниот превоз за 33,2 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот