Меѓународната организација за миграција бара безбедно сместување за луѓето во Либија

Фото: ЕПА

Апелот доаѓа откако околу 200 мигранти беа вратени во Либија во вторникот, само неколку часа по бомбардирањето на главното пристаниште во Триполи.

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) ја повика денеска меѓународната заедница итно да најде алтернативен механизам и да се гарантира безбедно сместување на мигрантите кои се спасени во Средоземно Море по бомбардирањето на пристаништните објекти во Триполи.

Апелот доаѓа откако околу 200 мигранти беа вратени во Либија во вторникот, само неколку часа по бомбардирањето на главното пристаниште во Триполи.

Организацијата наведува во своето соопштение дека е крајно време за конкретна акција, со што ќе им се гарантира безбеден престој на луѓето кои се спасени во морето и ќе се прекине системот на „случаен” притвор, истакна шефот на мисијата на ИОМ, Федерико Сода.

Според оваа организација, од страна на крајбрежната стража 1.700 луѓе биле пресретнати или спасени и вратени во Либија од почетокот на годинава, а повеќе од 3.000 пристигнале во Италија и на Малта, повеќето благодарејќи на бродовите на невладини организации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот