Меѓународна изложба на расни кучиња во Струга

Од утре па во следните 4 дена, од 29 август до 1 септември, во Струга, во кампот АС, ќе се одржи
меѓународна изложба на сите видови на расни кучиња. Изложбата е во организација на
Кинолошкиот сојуз на Македонија.

– Бројот на пријавени кучиња за сите четири дена надминува 1300 пријави. Задоволни сме
од одзивот како кај странските, така и кај домашните излагачи. Изложбите ќе бидат во
вечерните часови бидејќи се грижиме за здравјето и благосостојбата на кучињата
учесници – вели претседателот на КСМ, Јордан Христовски.

Инаку, брегот на Охридското езеро е посакувана дестинација за одржување на вакви изложби
поради атрактивноста на локацијата а и поради одличните услови за одржување на вакви
манифестации.

Оценувањето на кучињата ќе го вршат домашни и странски судии со меѓународно искуство меѓу
кои и Viva MARIA Soleckyj Szpunar од Полска, Dragan Stojanovic од Босна и Херцеговина, Shaun
Watson од Кипар и Svitlana Radziuk од Белорусија.

Исто така ќе бидат одржани таканаречени специјалки за групите 3, 5 и 9 а на последниот ден од
овој кинолошки продолжен викенд, ќе се одржи и Supreme Best in Show, што значи дека ќе биде
избрано најубавото куче од сите денови.

– Овие денови се празник за сите кои чуваат кучиња но и за оние кои се нивни љубители.
Влезот за посетителите е бесплатен и ги повикуваме сите кои ќе бидат на охридското
крајбрежје да не посетат и да си поминат пријатни моменти со четвороножните пријатели,
велат од Кинолошки сојуз на Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот