Меѓународна истрага за маски со лажни сертификати од Ковид-19 кои завршиле во македонските болници

Жена со заштитна маска на плоштад „Македонија“ во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Коронавирусот ги начека неспремни здравствените институции кои имаа потреба од средства за дезинфекција и заштитна опрема за да се заштитат себе си и граѓаните.

Најмалку седум јавни здравствени институции набавиле маски кои имале лажни и невалидини сертификати за квалитет и се под истрага на Европската канцеларија против измами ОЛАФ. Маските биле кинески, а институциите ги набавиле на тендер. Трите македонски компании ги увезле, купиле и продале спорните маски од типот КН95 се „Др Пановски АД“, „Систина Фармација“ и „КМ Маријан“. Агенцијата за лекови „МАЛМЕД“ не вршела проверки на квалитетот на увезената заштитна опрема затоа што немале таква надлежност, но тие, сепак, им издавале одобронија за увоз.

Дел од маските на „Др Пановски АД“ како и оние на „КМ Марјан“ добиле невалиден сертификат од италијанската фирма која што немала дозвола да ги издава. За истите, не може да се тврди дали се квалитетни или не, туку само дека фирмата која што ги сертифицирала немала таква надлежност. „Систина фармација“ маските ги увезла од „Унитекс Интл Форвардинг компанија регистрирана во Кина. На Здравствен дом Скопје им продала 1.000 маски за 312 денари без ДДВ за една маска.

Целата истражувачка сторија на ирл.мк, може да ја прочитате ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот