Меѓународен ден на сеќавање на жртвите од холокаустот

Фото: МИА

Со резолуција на Генералното собрание на Обединети нации донесена во ноември 2005 година 27 јануари е востановен Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот.

Дваесет и седми јануари е одреден како ден кога во 1945 година ослободен е Аушвиц-Биркенау, најозогласениот логор на смртта во Европа. Одбележувањето на Денот е со цел да се реафирмираат човековите права, превенција и казнување на злосторствата на геноцидот, како и да се укаже на постојано присутната опасност од расна, национална и верска омраза засновани на предрасуди.

Во Втрата светска војна, покрај другите загинаа над шест милиони Евреи.

Потребата повторно да се потсетува на холокаустот, како и невистините кои го негираат неговиот карактер и обем на страдање актуелно е во сите демократски држави каде е присутен антисемитизмот.

За денеска е планирано германската канцеларка Ангела Меркел да го посети најголемиот нацистички логор Аушвиц, што се наоѓа на територијата на Полска. Таа ќе биде третиот германски канцелар што го посетил Аушвиц. Меркел при посетата на Аушвиц ќе биде придружувана од полскиот премиер Матеуш Моравецки и преживеаните луѓе од логорот. Исто така е предвидено германската канцеларка да положи цвеќе во соседниот логот Биркенау.

На одбележување на Меѓуародниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот ќе присуствуваат голем број светски претставници, меѓу кои претседателите на Израел, Словачка, Германија, Австрија, како и премиерите на Бугарија, Хрватска, Франција, Чешка, Грција, Унгарија, Лукесембург, Холандија, Норвешка и други.

Предвидено е и Германија да донира 60 милиони евра за Фондацијата Аушвиц-Биркенау, која одбележува десет години од формирањето.

Црвената армија го ослободи логорот Аушвиц на 27 април 1945 година, а таму затекна околу 7.000 затвореници. Во Аушвиц нацистите убија околу 1,3 милиони луѓе, од кои над еден милион беа Евреи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот