Меѓународен ден на акушерките: Креаторите на политики треба да имплементираат промени за признавање на оваа професионална улога

Да се акредитираат високи школи за акушерки, Законот за образование да им овозможи нивно академско образование, тие да ја водат клиничката пракса, да се зголеми нивниот број на работните места и да има обука на млади акушерки во лидерски функции, бараат од Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки.

По повод 5 мај, Меѓународниот ден на акушерките, што се одбележува под мотото „Прослави.Покажи.Мобилизирај.Обедини”, посочуваат дека акушерките и жените имаат уникатна можност да се запознаат и да градат односи засновани врз доверба и реципроцитет во тек на бременоста, раѓањето и постнаталниот период.

– Преку овие односи, акушерките стануваат членови од доверба во семејствата и во заедниците. Треба да го прошириме ова партнерство. Жeните и акушерките мора да се обединат за да побараат политичко дејствување за родово-рамноправен свет. Акушерките играат важна улога во движењето за родова еднаквост: Секојдневно, во секој дел од својата работа ги поддржуваат правата на жените за квалитет и за грижа, потенцираат од Здружението.

Во пораката што ја упатуваат по повод Меѓународниот ден на акушерките велат дека акушерките се клучни за намалување на матерналната и неонаталната смртност и морбидитет и дека креаторите на политики треба да имплементираат промени преку лобирање за адекватни ресурси за акушерките и признавање на нивната уникатна професионална улога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот