Меѓугенерациска дружба во новиот пензионерски дом во Нерези

За краток период, ќе започне и проектот „Хумани патроли“, кои подразбира поддршка и домашни посети на изнемоштените лица, соодветна лекарска нега, здравствена заштита и завршување на дневните потреби на овие сограѓани.

Отворен е нов пензионерски клуб во Нерези, со што, пензионерите од овој дел на Карпош добија нови простории за социјализација и дружба.

Денеска, повозрасните сограѓани ги посети градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, како и ученици од општинското основно училиште „Братство“, со цел да се поттикне меѓугенерациска дружба. Во овој простор ќе се организираат разни работилници и средби, а денеска членовите на пензионерскиот клуб и учениците заедно изработуваа слики и честитки од хартија.

– Ова е повод и место каде што вие, повозрасните, ќе можете да им споделувате важни животни, работни искуства на најмладите, а они да ви покажат што знаат и умеат, затоашто секој ден учиме нови работи, а Карпош е дом за сите генерации, им порача градоначалникот Богоев.

Во изминатиов период се докажа дека и Општината, но и државата, водат сериозна грижа за пензионерите. Имено, со јануарската исплата, пензиите на пензионерите беа зголемени за 722  денари, а за само две и пол години пензијата беше зголемена за 1.746 денари.

Исто така, Општината ја овозможи и картичката за попусти и бенефиции „Мој Карпош“, со која граѓаните купуваат по пониски цени во голем број бизниси (здравствени ординации, аптеки, кафулиња, културни и спортски установи и  слично).

За краток период, ќе започне и проектот „Хумани патроли“, кои подразбира поддршка и домашни посети на изнемоштените лица, соодветна лекарска нега, здравствена заштита и завршување на дневните потреби на овие сограѓани. На повик на Министерството за труд и социјална политика, Карпош веќе аплицираше за грант средства за спроведување на овој проект.

Богоев во оваа пригода се осврна и на актуелните проекти, како што е враќањето на „Партизан“ во владение на Општината, објект кој е во колективната меморија на највозрасните, но и новиот парк од 60.000 м2 долж бул. „Илинден“, кој ќе претставува место за рекреација и спорт за сите граѓани.

На денешниот настан, ученици од „Братство“ на пензионерите им читаа и свои литературни творби. Овој тип на меѓугенерациски средби во пензионерските клубови ќе продолжи и во претстојниот период. Наскоро ќе се отвори пензионерски клуб и во населеното место Бардовци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот