Меѓу руската салата, чоканчето и судското чеканче

Груевски креваше згради во воздух, тепаше, затвораше, прогонуваше и убиваше како ќе му текне, а предметите против неговиот режим се уриваат со евтини фори и фазони.

Падна и „ТНТ“, случајот за уривањето на комплексот Космос на Фиат Цаноски, кој своевремено Груевски со уживање го крена во воздух – од политичка одмазда. Причината е тривијална – поротничката поднела оставка. Судбината на предметите што своевремено ги започна (сега покојното) СЈО, редовно зависи од триковите на одбраната. По падот на „ТНТ“, сега во неизвесност се и судските предмети „Талир“, „Монструм“, „Топлик“ и „Тендери“, бидејќи истото лице е поротник во сите пет случаи.

И што сега? Помал дел од јавноста ќе фати да ја коментира оваа најнова остра кривина во која влегува и овој случај поврзан со злоделата на режимот. Овде онде, ќе прочитаме прашања за тоа кој, како и зошто ги назначува поротниците, па дали има дефицит од поротници и друг персонал, па ќе се трага по извори на некаков заговор… За повеќето луѓе, ова ќе биде само уште еден вообичаен ден на нереформираното судство, среде сезоната на руски салати, вина и ракии.

Прочитајте и...  Градимир се одјави, замина голем човек

Сите се фатени во стапицата меѓу дигестивниот тракт и очекувањето на правдата. Меѓу руската салата, чоканчето и судското чеканче. За тоа време, медиумско-пропагандната машина ги фрагментира настаните и судските процеси, насочувајќи го вниманието кон, сепак, неважни детали. Од друга страна, токму тие неважни детали се таа огромна, здодевна смеса со блуткав вкус што им се сервира на луѓето секој ден.

Сите на кои барем малку им е важно тоа што остана од децениската потрага по правдата, станаа експерти за лавиринтите во кои се наоѓаат судските предмети за криминалците од режимот. Секој ден се изненадуваме (сѐ помалку) од тоа како, всушност не функционира правосудниот систем. Ако некогаш, истото тоа судство, експресно издаваше налози за апсење, притвори, судеше по кратка постапка и испраќаше десетици луѓе во затвор, сега се сопнува од запирки и штембили.

Прочитајте и...  Монсунски дождови го потопија Белград, вакво невреме не се памети (ВИДЕО)

Триковите и изговорите, отсуствата, боледувањата, запирките и грешките на споредните служби станаа главен стожер на одбраната на злосторничкото здружение. Со трикови против правдата… И така се сторија три години. Се купува секоја минута, со пари, со трикови, со стари сметки, со нови ветувања, со закани… Важно да се дотурка до изборите, па ако се извојува победа, сѐ ќе оди во неврат.

Ако се изгубат изборите, има време, подземната берза на влијанија работи со полна пареа целово ова време. Секако, и будали има доволно – ако треба, ќе се организира и некој 27-ми април ако треба, па нека е тоа и во мај или јуни, гледаш како лесно поминуваат тие што го напаѓаат Собранието? Гледаш колку е лесно? Груевски креваше згради во воздух, тепаше, затвораше, прогонуваше и убиваше како ќе му текне, а предметите против неговиот режим се уриваат со евтини фори и фазони.

Прочитајте и...  Новинарската почит кон него ќе биде вечна

Јавноста со право го губи интересот. Не се важни изговорите и начините на кои итроманите успеале по којзнае кој пат да го изиграат системот. Важно, правдата сѐ уште не е задоволена. Измамата е измама, без оглед на тоа во колку нијанси е исплетена. Затоа, детали, благодарам – не! Кога ќе решите да делите правда, јавете се, да вклучам телевизор.

Во меѓувреме, дечко, дај уште една дупла! Салата, де!

П.С. Од сите салати, руската не е спомната случајно.

Прочитај повеќе

Што може да научи Европа од шведската стратегија против коронавирусот?

Слободен печат

Нови мерки, нови бројки, нова граница?

Жанета Скерлев

На плимата на новофашистичките климатски промени

Мирослав Грчев

Жената која му роди две деца на Асанж отворено проговори за нивната голгота (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат

Филипче: Нема потреба од допoлнителни рестриктивни мерки

Слободен печат

Новинарската почит кон него ќе биде вечна

Иван Андреевски - Маче

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Монсунски дождови го потопија Белград, вакво невреме не се памети (ВИДЕО)

Слободен печат

Градимир се одјави, замина голем човек

Џабир Дерала

Нападнати унгарски финансиски институции од хакери од Кина, Русија и Виетнам

Слободен печат

Новинар и човек каков што ова време не може да роди

Бранко Тричковски

Никола Тесла: Технологијата ќе го открие вистинскиот потенцијал на жената

Слободен печат

Кавадаречкиот градоначалник Јанчев од трибина: Дај Боже сите да бидеме како Заев! (ВИДЕО)

Слободен печат