Меѓу петокот и саботата во Грција активни 62 шумски пожари

Фото: Инстаграм/ daniel_djk_knox

Два пожари во западниот дел на Пелопонез полека се ставаат под контрола, а напорите за нивно гаснење продолжуваат.

Во периодот меѓу петок и сабота навечер во Грција се потврдени 62 шумски пожари, соопштија надлежните власти.

Во гаснењето на пожарите, кое започна во средата, учествувале 1.115 пожарникари со 426 камиони, 24 планински екипи за спасување и доброволци, со локална поддршка.

Пожарите сè уште горат во некои делови од округот Коринт, каде до синоќа интервенираа 402 припадници на противпожарната служба со 82 камиони и 15 планински екипи за спасување.

Два пожари во западниот дел на Пелопонез полека се ставаат под контрола, а напорите за нивно гаснење продолжуваат.

Во тек е истрага за причините за пожарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот