Меѓу македонците најпопуларни социјални мрежи се „Фејсбук“ и „Инстаграм”

На социјалната мрежа „Фејсбук“ во државава има 1,1 милион корисници , за 100.000 повеќе во однос на минатата година, додека повеќе од 500.000 македонци ја користат мрежата „Инстаграм“.

Според податоците на специјализираниот сајт statista.com, од регистрираните 1,58 милиони корисници на интернет во државава, две третини се активни на некоја од социјалните мрежи, најмногу на „Фејсбук“ и на „Инстраграм“.

Во светот има 4,1 милијарда интернет корисници, а 3,2 милијарди од нив користат социјални мрежи.

Предничи „Фејсбук“ со 2,37 милијарди корисници, по што следат „Јутјуб“ со две милијарди, „ФБ Месинџер“ со 1,3 милијарди, „Инстаграм“ со милијарда, „Твитер“ со 330 милиони…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот