Меѓу 40-те новозаразени со Ковид-19 има луѓе од исто семејство, но има и такви што не контактирале со заразен

EPA EFE
Тестирање за коронавирус, Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Станува збор за лица кои имале контакт со претходно заболен во истото семејство, значи за потврден кластер, велат од Министерството за здравство за ,,Слободен печат”.

Институтот за јавно здравје вчера евидентираше 40 нови случаи на коронавирус во земјава. Деталните податоци укажуваат на тоа дека од вкупно 26 те нови пациенти вчера во Скопје од општината Аеродром се 9 лица, од кои дури 7 се од исто семејство. Станува збор за лица кои имале контакт со претходно заболен во истото семејство, значи за потврден кластер, велат од Министерството за здравство за ,,Слободен печат”.

Од скопјаните што се заразиле со коронавирус а кои беа евидентирани вчера, десетмина се нови, без податок за контакт со инфицирано лице. Во Тетово пак од 10 случаи седум се нови, кои не дале податок за контакт со заболен, а останатите тројца имале контакт со потврден случај. Двајца од тетовчаните биле од изолација.

Во вчерашната статистика на ИЈЗ беше регистриран рекорден број од дури 40 новоевидентирани лица со Ковид 19. Откако беше најавено дека на неколку поголеми јавноздравствени установи, коронавирусот ќе се детектира со брз PCR тест чии резултати ќе бидат готови за само еден час, од Инфективната клиника за ,,Слободен печат” велат дека во моментот апаратурата за нивно користење клиниката ја поседува, а дека се во фаза на набавка на самите тестови.

Во меѓувреме, Институтот за јавно здравје ги купува тестовите со кои се испитува присуството на коронавирусот во организмот од холандскиот производител Киаген, американскиот фармацевтски гигант Термо Фишер Сајентифик и холандската Биологио.

Прајмерите и пробите што завршуваат во вирусолошките лаборатрии како дел од PCR тестот за Ковид 19 се од производителот Биолегио од Холандија, додека пак донациите што стигнале во лабораторијата на ИЈЗ од Светската здравствена организација ги произвела Тип МолБиол од Берлин Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот