Меѓународниот комитет на Црвениот крст ја повика меѓународната заедница за помош во Авганистан

Црвен крст / Фото:Архива на Слободен печат

Црвениот крст ја повика меѓународната заедница да работи со талибанската влада, бидејќи е надвор од моќта на хуманитарните организации сами да се справат со кризата во таа држава. Генералниот директор Роберт Мардини рече дека Меѓународниот комитет на Црвениот крст ги засилил своите активности од август, кога власта ја презедоа талибанците и кога странската помош престана. Други организации, исто така, напорно работат на борба против хуманитарната криза во Авганистан.

„Меѓутоа, хуманитарните организации можат да работат само заедно за да направат одредени работи. Тие можат да понудат привремени решенија, изјави Мардини.

Во исто време со промената на власта, земјата влезе во длабока криза и милиони луѓе се во опасност од глад. Според Мардини, 30 отсто од 39-милионското население во Авганистан страдаат од тешка неухранетост додека на 18 милиони луѓе им е потребна хуманитарна помош или заштита.

Според директорот на Црвениот крст, поддршката на меѓународната заедница, која досега беше претпазлива од талибанската влада, е клучна за обезбедуавње основни услуги за народот.

Во четвртокот ОН најавија создавање фонд за финансиска помош и финансиска помош директно за Авганистанците.Мардини смета дека тоа ќе го реши проблемот во рамки на три месеци.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот