Меѓународен турнир „Влатко Марковиќ“: Македонија подобра од Црна Гора

Македонија (У15) со пресврт славеше над Црна Гора/Фото: ФФМ

Младата репрезентација на Македонија до 15 години во последниот натпревар од меѓународниот турнир „Влатко Марковиќ“ славеше победа со минимални 3:2 над селекцијата на Црна Гора.

Македонија и Црна Гора одиграа одличен натпревар, отворен од самиот старт, со многу борбена игра и неколку пресврти.

Македонија одлично влезе во натпреварот, успеа во 15 минута да го отвори резултатот. Хисар Али постигна извонреден гол од слободен удар.

Противникот го израмни резултатот на 1:1 пет минути подоцна. Во 54 минута Црна Гора направи комплетен пресврт и поведе со 2:1.

Избраниците на селекторот Дашмир Беари само две минути подоцна стигнаа до израмнување. Стрелец на погодокот беше Беркај Шаини.

Гол за победа на Македонија постигна Хисар Али во 69 минута. За фудбалерот на Македонија ова беше втор погодок на средбата.

Македонските У15 надежи минимално славеа против Велс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот